Connect with us

Hi, what are you looking for?

Економија

РЕГИОНАЛНИ ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЕВРОПА

Генезата за формирањето на Регионалниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа се базира во Солунската декларација од 1999 година. Се чека земјите потписнички, кои на почетокот беа седум, (Бугарија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција и Турција) се обврзаа да работат на постапно воведување на пазарните механизми во електроенергетскиот сектор во сопствените средини како подготовка за подоцнежното формирање на регионалниот пазар на електрична енергија.

Според специфичните услови и карактеристики на европскиот континент формирани се неколку регионални пазари на електрична енергија: Нордискиот пазар, Пиринејскиот пазар, Балтичкиот пазар и Централно европскиот пазар. Со оглед на фактот што согласно енергетските, економските и геополитичките карактеристики, Југоисточна Европа сочинува една специфична целина, од страна на Европската комисија беше формиран регионален пазар на електрична енергија во нејзини рамки (Regional Energy Market-REM). Како дел од овој пазар беа земјите кои припаѓаат на Југоисточна Европа, поконкретно: Албанија, Бугарија, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Италија и Австрија.

Како значајни моменти за формирање на Регионалниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа се двете министерски конференции кои се одржаа во Атина. Првата беше одржана на 15 ноември 2002 година, а втората на 8 декември 2003 година. На првата министерска конференција која се одржа во Атина земјите во Југоисточна Европа потпишаа т.н. Меморандум за разбирање за формирање регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа и негова интеграција во Внатрешниот пазар на електрична енергија на Европската Унија. На тој начин земјите на Југоисточна Европа ја покажаа политичката подготвеност и желба да се пристапи кон прифаќање на реформските определби и активно да учествуваат во конкуренцијата и реализацијата на регионалниот пазар. Таа пошироко е позната како Атински меморандум.

Република Македонија се јавува како потписничка на двата атински меморандума, а како подлога за ова претставуваат Европската енергетска повелба од 1996 година чиј потписник е и Република Македонија; договорот за асоцијација и стабилизација што Република Македонија го има потпишано со Европската Унија и со тоа има преземено определени обврски; обврските што произлегуваат од членството во Светската трговска организација и консензуално изразениот политички интерес на сите политички структури во Република Македонија, како и на сите граѓани да се влезе во евроатланските интеграции. Па поради тоа, Република Македонија ги прифаќа сите определби и директиви кои се во насока на реформирање на електроенергетскиот систем на Македонија и кои одат во правец на инволвирање на пазарните законитости во овој сектор.

Генезата за формирањето на Регионалниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа се базира во Солунската декларација од 1999 година. Се чека земјите потписнички, кои на почетокот беа седум, (Бугарија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција и Турција) се обврзаа да работат на постапно воведување на пазарните механизми во електроенергетскиот сектор во сопствените средини како подготовка за подоцнежното формирање на регионалниот пазар на електрична енергија. Всушност, Солунската декларација, со која на почетокот беа опфатени, пред сè балканските земји значеше почеток во формирањето на Регионалниот пазар за Југоисточна Европа. Со двата атински меморандума, едниот од 2002 и другиот од 2003 година се изврши проширување на првично опфатените земји (неколкуте балкански земји) со земјите од поширокиот регион.

За практично спроведување на заложбите за формирање на регионалниот пазар на електрична енергија за Југоисточна Европа работеа голем број тела, работни групи, комисии и слично. Па така преку работната група при Советот на европските регулатори за енергетика (СЕЕР) се изготви предлог за развој на стандарден дизајн на пазар за електрична енергија во регионот на Југоисточна Европа. Преку него беше предвидено да се обезбеди: конкурентен енергетски пазар; сигурност во снабдувањето со електрична енергија и природен гас; заштита на животната средина и општ економски развој на регионот. Градењето и имплементацијата на овој модел се базираше како врз основа на Директивата 96/92 на Европската Унија, така и врз основа на Директивата 2003/54 на Европската комисија.

Поради фактот што овој регион претставува спој на земји, кои една од друга се разликуваат од повеќе аспекти во поглед на економско-социјален план, на културно-образовен план и на цивилизациски план постоеја значаен број бариери кои беше потребно да се надминат со што би се воспоставил регионалниот пазар за Југоисточна Европа, кои сè уште постојат. Ваквите разлики се појавуваат и поради тоа што дел од земјите се членки на Европската Унија, додека, пак, дел од земјите сè уште не се дел од Унијата. Различностите постојат во поглед на цената, односно се јавуваат ценовни диспропорции како во вкупните економии, така и во електроенергетските системи. Со надминување на бариерите се овозможи поврзување на овој регион со западноевропскиот што силно влијаеше врз создавање отворен пазар на електрична енергија на ниво на Европа.

Како учесници на регионалниот пазар на електрична енергија се јавуваат: производителите на електрична енергија, квалификуваните потрошувачи на електрична енергија, тарифните потрошувачи на електрична енергија, снабдувачите со електрична енергија (трговците со електрична енергија на големо), независните систем-оператори на земјите членки на регионалниот пазар, регионалниот пазарен систем-оператор, преносот на електрична енергија, дистрибуција на електрична енергија (трговија со електрична енергија на мало) и државните регулаторни комисии (агенции).

ЈОВАН АНДОНОВСКИ

Јован Андоновски е доктор на правни науки

Можеби ќе ве интересира

Свет

И покрај долгогодишните воени присуства, ниту една држава нема успех да воспостави трајна власт во Авганистан, поради што оваа земја се нарекува и “Гробишта...

Европа

Одредени европски лидери, асоцијации, и медиумски центри во континуитет го обвинуваат Орбан за диктатура, исламофобија, кршење на човековите права, блиски односи со Русија и...

Европа

Блокадата на македонската евро-интеграција се зацврстува, и Македонија мора да наоѓа начини да го одржи ентузијазмот за членство во ЕУ, и со тоа да...

Свет

Либералниот поредок моментално се наоѓа во фаза во која тој за некои мислители прераснува во империјален интерегнум, а за некои во хегемонски интерегнум. Тие...