Connect with us

Hi, what are you looking for?

Интервју

УКИМ Е РАСАДНИК НА НАЈДОБРИТЕ КАДРИ

Оваа година сме комплетно подготвени за успешен старт на новата академска година. Поради променетите околности – а тоа се се повеќе имунизирани студенти и наставници, наставата ќе се одвива хибридно. Тоа практично значи таму каде што има можност и потреба за физичко присуство, како што се практичните вежби на природните, техничките и медицинските науки, наставниот процес во строго пропишани протоколи и мали групи на студенти ќе се одвива со физичко присуство.

Интервју со проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“

Ректоре, пред почетокот сме на новата учебна година. Кои се искуствата од минатата година? Дали успешно се справивме со предизвиците од здравствената криза?

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ како и сите останати субјекти не само кај нас туку и на глобално ниво мораше да се соочи со предизвиците кои произлегоа од брзото ширење на Corona вирусот. Во средината на Март минатата 2020 година Универзитетот успеа брзо да се „престрои“ и да воспостави нов начин на работа. Во средината на летниот семестар 2019/2020 година УКИМ ги воспостави прикладни платформи за електронска настава, учење и полагање, и веќе од почеток на учебната 2020/21 Универзитетот воспостави нова платформа за on line настава, полагање и учењњ.

Беа спроведени голем број обуки на наставно-научниот кадар за користење на новата платформа “I learn” која успешно функционира и со која мината година успеавме успешно да го пребродиме периодот на изолации и ограничени комуникации, а при тоа да не се наруши наставниот процес на факултетите на УКИМ. Конечно, од септември оваа година, отворен е и вакцинален пункт на УКИМ на кој секој студент и вработен може да се имунизира. Сите овие заложби ги правиме за да воспоставиме што е можно побезбедни процедури и услови за одвивање на наставата на Универзитетот.

Свесни сме дека, квалитетот на наставата со физичко присуство е многу подобар од електронската настава, поради поактивниот интерактивен пристап меѓу студентот и професорот, поголемата инклузивност на студентите и се разбира незаменливоста на социјалната комуникација, која е и те како важна за секој човек, а особено за помладите.

Оваа година сме комплетно подготвени за успешен старт на новата академска година. Поради променетите околности – а тоа се се повеќе имунизирани студенти и наставници, наставата ќе се одвива хибридно. Тоа практично значи таму каде што има можност и потреба за физичко присуство, како што се практичните вежби на природните, техничките и медицинските науки, наставниот процес во строго пропишани протоколи и мали групи на студенти ќе се одвива со физичко присуство. Теоретската настава во принцип се планира да оди on line на платформата I learn, каде студентите можат да ги следат своите предавања, вежби и да го симнуваат својот наставен материјал.

Како ректор на најстариот и најголем универзитет, како ја оценувате состојбата со високото образование во државата? Кои се чекорите што треба да се преземат со цел да ги подигнеме стандардите?

Да се настапи од позиција на Ректор на најголемиот и најстар Универзитет во земјава е истовремено и чест и гордост, но веројатно и ризик да бидам сфатен во погрешна конотација. Наспроти УКИМ кој има традиција подолга од 70 години, на кој се застапени сите научни подрачја, на кој успешно функционираат 28 факултети, 5 научни институти, придружни членки, акцелератор, друштво за трансфер на технологии и иновации и многу други трговски друштва поврзани со научната дејност на единиците, се наоѓаат релативно помали и „помлади“  јавни и приватни универзитети, воглавно формирани во последниве 15 години. Дел од нив успеава успешно да се етаблираат во општеството. Меѓутоа генерално сметам дека е потребно уште многу да се работи на подобрување на квалитетот на високото образование и науката во земјава.

За постигнување на повисок квалитет во високото образование и науката е потребно да постои симбиоза на квалитетни посветени експерти и финансиски средства кои за јавните универзитети ги обезбедуваат владите.

Многу пати досега сме дебатирале со Министерството за образование и наука за потребни реформи во високото образование и финансирање на истите, но за жал до сега тоа е само на хартија. Праксата во регионот покажа дека со издвојување на значителни буџети стриктно наменети за високо образование, се успеа Белградскиот универзитет да се издигне меѓу првите 500 на Шангајската листа, а на тој пат се и Нишкиот и Новосадскиот унверзитет.

За постигнување на квалитет во високото образование освен финансиски средства потребно е да се воспостават и адекватни контроли на квалитетот на високо –образованите институции во земјава. Крајно, без финансиска подршка за развој на високото образование и науката во земјава како и без соодветна контрола на квалитетот на високото образование не може да се очекува драстичен раст на рангот на УКИМ а и на некои од останатите универзитети во земјава на меѓународните ранг листи, како што е Шангајската листа.

Се зацврстува ли улогата на УКИМ во општеството? Каква е соработката со државните институции, а каква со деловната заедница?

УКИМ е државотворен универзитет, расадник на најдобрите кадри кои ги имала нашава држава. Општествената улога на УКИМ била и ќе остане важна карика на соработка со бизнис заедницата, државните институции и сите останати чинители на нашето општество. Соработката на Универзитетот со стопанството и државните институции останува стабилна иако општествените збиднувања, социо-економските и пандемиските услови во последниве речеси две години претрпеа драстични промени.

УКИМ будно ги следи сите општествени и социо-економски збиднувања и секогаш кога сметаме дека е потребно реагираме и ја нудиме нашата експертиза за добробит на нашата држава, на нашите граѓани и за нашата перспектива.

Кои се идните планови за натамошна модернизација на УКИМ?

Идните планови на Универзитетот се утврдени во Стратегијата за развој на нашиот Универзитет. Основниот приоритет на кој се фокусираме и работиме е подобрување на меѓународното рангирање на Универзитетот и поголема интернационализација на Универзитетот.

Досегашнта работа, особено со краткорочни мерки веќе вродува со резултати, така што рангот на Webometrix ни е подобрен за околу 150 места и тоа без финансиски импликации. Продолжуваме да работиме во таа насока со цел да станеме видливи и на Шангајската листа. Подобрувањето на меѓународното рангирање е тесно поврзано со интернационализацијата и вмрежување на УКИМ со други Универзитети од светот со цел да обезбедиме поширока научна база за соработка а преку тоа да стигнеме и до што поголем број на објавени трудови со фактор на влијание, бидејки тоа за нас е единствениот пат да стигнеме меѓународно повидливи.

Плановите на УКИМ се и понатаму да се зајакнува соработката со бизнис секторот, така што овозможуваме отварање на spin of компании, компании кои развиваат иновативни производи и услуги, центри за извонредност, кариерен центар на УКИМ и како најкрупен проект во таа насока е отварање на Технолошки парк на Универзитетот за што е потребна и соодветна контрибуција од страна на државата.

РЕДАКЦИЈА АНАЛИЗА

Можеби ќе ве интересира

Свет

И покрај долгогодишните воени присуства, ниту една држава нема успех да воспостави трајна власт во Авганистан, поради што оваа земја се нарекува и “Гробишта...

Европа

Одредени европски лидери, асоцијации, и медиумски центри во континуитет го обвинуваат Орбан за диктатура, исламофобија, кршење на човековите права, блиски односи со Русија и...

Европа

Блокадата на македонската евро-интеграција се зацврстува, и Македонија мора да наоѓа начини да го одржи ентузијазмот за членство во ЕУ, и со тоа да...

Свет

Либералниот поредок моментално се наоѓа во фаза во која тој за некои мислители прераснува во империјален интерегнум, а за некои во хегемонски интерегнум. Тие...