Connect with us

Hi, what are you looking for?

Интервју

ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА МЛАДИТЕ

Имаме млади умови кои едноставно не се вреднувани онолку колку што заслужуваат. Нивните способности се високо призанени од светскиот маркет и таму си ја пронаоѓаат својата иднина. Забораваме дека инвестицијата во млада генерација е инвестиција за Македонија како целина. Државата треба да е свесна дека одливот на младата генрација директно ќе влијае на секој сектор, но и генерално на иднината на Македонија како држава.

Интервју со Илија Тоневски, Менаџер за развој во “Делфино“

Господине Тоневски, како Business Development Manager, Менаџер за развој во “Делфино“, фирма која постои и опстојува веќе 27 години во Македонија, а која 18 години е претставник на една од најголемите светски рент а кар компанија SIXT rent a car во Република Македонија, сте дел од менаџментот и менаџерскиот тим на SIXT rent a car Македонија. Каква е состојбата во оваа дејност кај нас, и колку здравствената и економска криза го погодија овој сектор?

Како што и самите напоменавте, “Делфино“ како фирма во Република Македонија постои и опстојува 27 години со активности во делот на туризмот, ависообраќајот и рент а кар услугите. Еволуцијата на бизнисот мора да биде константна и да ги прати сите светски трендови кои во моментот се актуелни на глобалниот пазар, а да делува по потребите на домашниот. Со други зборови, “Think Global, Act Local”. Да напоменам, ние сме “mobility provider“ компанија што не е лимитирана исклучиво на рент а кар сегментот.Како дополнителни услуги на Sixt rent a car во нашата палета се вклучени и дејности како што се “limousine service“, “corporate mobility solutions“ и “chauffer service”. Како туризам сектор бевме едни од најпогодените од ковид кризата.Авио сообраќајот беше долги месеци комплетно запрен и потребата од рент а кар услугите беше во застој. Иако условите за работа не беа сјајни, ние продолживме да се движиме во насоката која ни е визија во секој наш бизнис проект. Премиум производ, премиум услуга, премиум локација. Повторно ја зголемивме нашата флота за речиси 45% и отворивме две нови станици.Она што не прави различни од другите е токму континуетот и истрајноста на нашата професионалност.

Кога клиент застанува кај нас на шалтер очекува ново возило, дезинфицирано по новите стандарди за здравствена заштита во возилата, професионална услуга и експедитивност, работи кои кај нас се подразбираат без разлика на околностите. Иако условите беа отежнати, ние како фирма бевме подготвени и знаевме дека: “прави патишта не може да не направат искусни возачи“!

Како дел од мултинационална компанија, стандардите на работењето мора да бидат на високо ниво. Врз кои принципи почива успехот на Вашата компанија?

Sixt rent a car е компанија која датира од далечната 1912 година и е водена во кругот на Sixt фамилијата. Токму фамилијата е тајната на успехот на Sixt GmbH а воедно и на Sixt Maкедонија. Да се оперира светски бренд си носи тежина, стандарди и правила по кои треба да се водиме. Нашата фирма е фамилијарна фирма врз чии столбови лежи и нашиот успех. Кохезијата помеѓу возрасната и младата генерација е она што не води напред. Стабилноста, мудроста и искуството на постарата генерација во комбинација со амбициозноста, идеите и силата на новата генерација се нашиот мотор. Често ја користам компарацијата на лакот и стрелата. Нашиот бизнис е составен од два дела: “Лакот“, кој го претставува по возрасната генерација. Таа го одредува темпото на стрелата, насоката, и брзината. Лакот е стабилен и служи како главна потпора на стрелата. Додека младата генерација служи како “стрела”. Брза, енергична и амбициозна. Кога ќе ги одделиш лакот и стрелата, нивните способности се лимитирани, но кога се споени, тогаш се непобедливи. Вториот столб е правилото на триаголникот: триаголникот значи дека менаџментот се обврзува да се грижи за тимот. Тимот мора да ги има совршените услови за работа, и слобода во работењето. Тимот понатака се грижи за клиентот со сите алатки кои се на располагање, и конечно, задоволството на клиентот го насочува менаџментот кон правилни одлуки, а со тоа и целта фирма просперира.Триаголникот не носи до третиот столб на нашиот успех, а тоа е нашиот стручен тим на колешки и колеги кои неуморно се залагаат за успехот на фирмата. Нивната упорност, континуитет, амбиција и професионалност не прават она што сме.Тие се ликот на нашата фирма и со нив заедно сме веќе трета година на врвот по сатисфакцијата на нашите клиенти на глобално ниво на сите Sixt rent a car станици!

Кои се идните планови на Вашата компанија, и Вашите лични цели за наредните години?

Напредокот на “Делфино“ го гледам како мој личен напредок и обратно. Ние сме фирма која континуирано еволуриа и се шири во своите дејности и сектори на работење. Почетоците на Делфино беа во авио секторот каде што 15 години бевме генерални застапници во Република Македонија за унгарската национална авио компанија “ Malev Hungarian Airlines” која покрај за Република Македонија ни ја даде довербата да бидеме застапници на “Malev Hungarian Airlines” и во сите поранешни екс YU Републики. Покрај “Malev Hungarian Airlines” бевме и застапници за националната грчка авиокомпанија “Olympic Airways” за приватната грчка авиокомпанија “Aegean Airlines” и за националната чешка авиокомпанија “ Czech Airlines”.

Продолжуваме со рент а кар бизнисот, но диверзификацијата ни дава се поголемо искуство во секој наш нареден проект и предизвик. Она што го научив до сега од тековното работење, од мојата фамилија и моите колеги е за мене школа повредна од било која образовна институција. “Делфино“ како фирма има повеќе проекти со кои ја лансираме нашата експанзија. Веќе петта година сме увозници на премиум овошни ракии “Anteria“ од Република Србија.

Во 2022 година започнува со работа Delfino Hub што се наоѓа во индустриската зона Ќојлија во непосредна близина на Аеродромот Скопје што преставува еден центар во светот на “mobility” индустријата и ќе служи како изложбен салон за возилата кои ги нудиме за продажба, a во исто време ќе служи и како главно продажно место на производите на Alfa Street Marine и Knaus Tabert !Alfa Street Marine е словенечки произведувач на пловни објекти кои први на пазарот пласираа потполно електрично пловило. Knaus Tabbert е германски производител на камп приколки и рекреативни камп моторхомс ван комбиња и возила (или така наречените трејлери). “Делфино“ во 2021 година стана официјален дистрибутер и дилер на словенечкиот производител на пловила за македонскиот и грчкиот маркет што не води до наша експанзија во Грција каде што отвараме претставништво на Delfino Hub токму за овие дејности. “Делфино“ преку ексклузивен проект во Охрид и Скопје влегува и во светот на градежништвото и хотелиерството каде што ќе ја пренесеме нашата страст и визија за перфекција во работењето, но тоа ќе го оставиме за некое друго интервју.    

Се одлучивте да бидете дел од бизнис-секторот во Македонија, иако имате можност да работите и во странство. Сепак, многу наши млади луѓе ја напуштаат државата. Дали младите можат да ја планираат својата иднина овде? Што е потребно да го спречиме тој т.н. одлив на мозоци? Со кои проблеми се соочуваат младите кај нас? Кои чекори треба да се преземат, со цел да бидеме сигурни дека идните генерации ќе можат да ја носат државата во вистински правец?

Мојот план секогаш бил да останам во мојата и наша татковина Република Македонија и тука да го развивам својот бизнис. Фамилијата и фамилијарниот бизнис за мене се света работа која во секое сценарио биле мој животен план. За жал, реалноста во Македонија во моментов е поинаква. Имаме многу млади таленти во сите сектори кои секоја година во се поголем и поголем број ја напуштаат Македонија во потрага за подобар живот. Таа нивна одлука јас ја разбирам сосема.

Имаме млади умови кои едноставно не се вреднувани онолку колку што заслужуваат. Нивните способности се високо призанени од светскиот маркет и таму си ја пронаоѓаат својата иднина. Забораваме дека инвестицијата во млада генерација е инвестиција за Македонија како целина. Државата треба да е свесна дека одливот на младата генрација директно ќе влијае на секој сектор, но и генерално на иднината на Македонија како држава. Имаме огромен потенцијал! Македонија има млади генијалци и лидери во своите полиња кои се спремни да ја однесат Македонија на повисоко ниво и повисок стандард со огромна брзина! Треба да се стремиме да станеме балкански Start-Up Hub. Треба идеите што младите ги добиваат да бидеме спремни да ги претвориме во реалност. Треба да овозможиме услови што ќе ги задржат младите да размислуваат за македонска иднина.Уверен сум дека доколку во оваа насока се променат работите, можеме да размислуваме и за враќање на одреден број на наши млади, успешни луѓе и нивно започнување на свои бизниси тука во Македонија.

Со функционален систем, Македонија може да биде одлично место за остварување на амбициозни бизнис планови но и за убав живот! Да ги оставиме политиките на страна кога збориме за младата генарација. Таа е поголема од било какви политички поени и тактики. Домашниот пазар има доволно услови да створи атмосфера за напредок. Она што секој млад човек го очекува од својата држава е еднаква можност и прилика за исполнување на сопствениот потенцијал што директно ќе резултира како колективен успех на цела наша држава. Се надевам дека набрзо ќе се свестиме и ќе видиме колку скапо не чини одливот на мојата генерација…

По приорда сум оптимист и верувам дека пред нас доаѓаат подобри времиња. Верувам дека доаѓа подобро утре. Лично ќе се залагам за промоција на Македонија на глобалниот пазар и ќе се трудам да го оставам нашиот белег онаму каде што одам.Иднината им припаѓа на младите! Мојата порака до нив е да ги користат сите можности за добивање искуство во бизнисот, да ствараат работни навики и да бидат храбри во носењето одлуки кои треба да бидат во согласност на реалноста на потребите на пазарот.Доколку државата почне да работи по овие принципи и тежината за напредок ја стави на грбот на младите земајќи во предвид нивните реални потреби но и визии брзо ќе стигнеме до попросперитетна и поизвесна иднина вo која секој млад човек ќе може да го планира своето егзистирање и живеење тука во Република Македонија!

РЕДАКЦИЈА АНАЛИЗА
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Можеби ќе ве интересира

Свет

И покрај долгогодишните воени присуства, ниту една држава нема успех да воспостави трајна власт во Авганистан, поради што оваа земја се нарекува и “Гробишта...

Европа

Одредени европски лидери, асоцијации, и медиумски центри во континуитет го обвинуваат Орбан за диктатура, исламофобија, кршење на човековите права, блиски односи со Русија и...

Европа

Блокадата на македонската евро-интеграција се зацврстува, и Македонија мора да наоѓа начини да го одржи ентузијазмот за членство во ЕУ, и со тоа да...

Свет

Либералниот поредок моментално се наоѓа во фаза во која тој за некои мислители прераснува во империјален интерегнум, а за некои во хегемонски интерегнум. Тие...

Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo