Connect with us

Hi, what are you looking for?

Општество

АРХИВИСТИКА – ИСТОРИСКИ АСПЕКТИ И ЗНАЧЕЊЕ

Архивистиката како основна задача треба, врз основа на проверени извори и литература, да го презентира општествено економскиот, политичкиот и друг вид на развој на едно општество или држава. Затоа таа се залага со примена на научни методи да ја заштити архивската документација и да овозможи услови за нејзино непречено користење за потребите на науката, државата и се разбира на поединци.

Значението на научните дејности од било која област и тоа како имаат значење врз секојдневниот живот и општествени процеси кои се одвиваат. Токму поради тоа научните дејанија имаат огромно влијание од најлесен до најтежок процес, или проблем кој е поставен. Од тој аспект научните дејности може да ги поделиме на дејности кои што се развивале уште со самата појава на свеста кај луѓето, и нови науки кои го опфаќаат сегментот од општественото постоење.

За да биде парадоксот поголем, архивистиката како научна дејност спаѓа во групата млади научни гранки или како помошна историска наука. Сепак ако се согледа подлабоко во нејзиното постоење, ќе видиме дека таа несвесно постои уште со првите напишани знаци од човековата рака, па низ сите еволутивни премрежја на човечката раса. Сепак, она што како научен процес од архивистички дел е прифатен како наука претставува помошна историска наука. И тоа во целост е прифатливо исто како што и историјата може да биде некогаш дополнение на архивистиката.

За науката насловена како архивистика постојат огромен број дефиниции. Дел од нив се експлицитни и преставуваат објаснување на самата дејност, други пак во целост се задржуваат на она што преставува теоретско прикажување.

Како најприфатена дефиниција во однос на архивистиката е тоа дека архивистиката е наука која се занимава со проучување на суштината на архивскиот материјал, со нејзиниот историски развој, со средувањето, чувањето и заштитата на архивскиот материјал и со нејзината законска регулатива. Оваа дефиниција јасно ја опишува дејноста архивистика, но мора да се потенцира дека таа денес започнува да се проширува и со она што значи електронски архивски материјал, имајќи во предвид дека денес електронскиот архивски материјал се креира во изобилие, и истиот има огромно значење.

Од аспект на научниот пристап, архивистиката може да биде преставена како научна дисциплина, бидејќи во однос на сите нејзини поддејности се применува научен метод.

Самиот поим архивистика доаѓа од терминот архив („archives“), кој е грчки збор што во суптилен превод би значел чување. Оттука произлегува наједноставната, но и најточната дефиниција која може да се даде за архивистиката, а тоа е чување на документи.

Во делот на објаснување на самата наука архивистика треба да се знае дека таа е наука која кажува за тоа како треба да се средат архивите, документите во полза на оној на кого му се потребни тие документи, или во полза на целокупното културно пишано богатство. Но таа може и треба да се занимава и со историскиот развој од самата документација до институциите – архивите во кои се чува документацијата. Во доменот на документација не спаѓаат само документите, бидејќи целокупниот архивски материјал можеме да го поделиме на конвенционален и неконвенционален. Во неконвенционалниот материјал потребни ни се одредени помагала за читање и прелистување. Затоа архивистиката опфаќа широк размер и гравитира околу многу области и дејности.

Начинот на појавата на архивистиката не може точно да се прецизира. Тоа е последователно од фактот дека таа постоела и пред самата да биде признаена или прифатена како наука. Имено таа може да се согледа од првото генерирање на пишани документи и првото нивно чување. Дури воопшто не било ни важно на каков материјал се пишувани одредени забелешки кои ние подоцна можеме ги нарекуваме историски документи, туку користењето на еден од архивистичките принципи кои денес ги имаме како што се превземање, чување, средување, заштита и сл. Доколку една од овие процедури несвесно била употребена во најрано доба со појавата на пишаните документи, тогаш можеме слободно да констатираме дека архивистиката е дел од тоа. Се разбира, свесното превземање на кој било од тие чекори несвесно ја употребила подоцнежната наука архивистика.

Така, во развојот на архивистиката  како научна гранка  според горенаведеното можеме да кажеме дека се јавила со применувањето на ракувањето/практицирањето на документите. И според горенаведениот принцип таа е доста стара наука. Но сепак тоа е општо тврдење, бидејќи едно е општ дел на средување на документи, а друго е средување на документи врз основа  на одредени принципи и методи на систематизација и класификација со цел бараните документи побрзо да се изнајдат. Затоа многу често се зема дека темел на појавата на архивистиката во светот е 16 век, со самите почетоци на државно-административниот апарат. Согласно тоа архивистиката е релативно млада наука.

Со самата појава се започнало и со одреден развој и поставување на принципи и методи, при што aрхивистиката и тоа како го добива својот зенит на развој во 19 век. Тој развој на архивистиката бил проследен со отворање на посебни институции како архивите, па дури и поставување на класификација на она што преставува архивска и канцелариска работа. Нешто што и денес се меша и не се прави разлика. Во доменот на развој на архивистиката се започнало со различни училишта за начинот за постапување со архивскиот материјал, потоа се укажувало на одредени методи, па дури се одело до таму да има статии во одредени весници, и од таму произлегла и идејата за сите оние кои се занимавале со архивистика да можат да читаат стручни писанија од доменот на архивистиката преку архивски весници и списанија.

Токму поради тоа aрхивистиката како наука била дискутабилна помеѓу одредени земји согласно нивниот принцип на работа со документи. Од таму како причинска последица се започнало и со правење на различни собири преку кои се утврдувале заеднички правила и критериуми  за унифицираност во работата на архивите.

Постојат неколку примери за тоа како пред одредена унифицираност во работењето на архивите се водела самата наука архивистика.

Така според италијанскиот научник и архивист Еугенио Казанова, архивистиката може да се подели на :

-Архивска техника;

-Архивска теорија;

-Историски развој;

-Архивско законодавство.

Особено значајна била поделбата на француските архивисти која ја теоритизирале  Архивистиката. Кај нив стои дека  архивистиката се дели на:

– пред-архивско обликување (грижа, заштита, правна и техничка заштита);

– превземање на материјалот во самата институција Архив;

– систематизација, одбирање и излачување;

– принципи и методи на изработка на информативни средства;

– користење на материјалот во научни, административни и други цели.

Во денешно време архивистиката може да се подели на :

– Архивска теорија преку кој се проучува принципите и методите на работата со документите во архивите;

– Архивска техника која пред се се потпира на прашања поврзани со техничката заштита на архивскиот материјал;

– Историјат на архивите во кој е прикажан развојот на архивската дејност;

– Архивското законодавство преку кој се поставуваат правните постулати;

– Архивска практика за самата практична дејност во архивите (Прирачник по предметот „Вреднување на Архивската граѓа“  – 2004).

Денешниот начин на живеење и брзо темпо на живот создаваат добра подлога за развој на историските науки и сите нејзини помошни гранки. Тоа е појава која произлегува како директен продукт на нашиот стремеж за чекорење кон иднината па многу често се осврнуваме на минатото. Впрочем во минатото лежат сите одговори потребни за иднината. Од тој сегмент значајно место зазема и архивистиката.

Архивистиката како основна задача треба, врз основа на проверени извори и литература, да го презентира општествено економскиот, политичкиот и друг вид на развој на едно општество или држава. Затоа таа се залага со примена на научни методи да ја заштити архивската документација и да овозможи услови за нејзино непречено користење за потребите на науката, државата и се разбира на поединци.

Токму од тие причини архивистиката како наука својот акцент го става кон повеќето нејзини дејности и тоа: истражување, превземање, проучување, средување, одбирање, обработка, валоризација и на крај публикација. За историчарот или било кое друго лице кое се занимава со научна дејност основен извор се пишаните документи што пред се се наоѓаат во архивите.

НИКОЛА МИТРОВИЌ

Никола Митровиќ е доцент доктор по историски науки.

Можеби ќе ве интересира

Свет

И покрај долгогодишните воени присуства, ниту една држава нема успех да воспостави трајна власт во Авганистан, поради што оваа земја се нарекува и “Гробишта...

Европа

Одредени европски лидери, асоцијации, и медиумски центри во континуитет го обвинуваат Орбан за диктатура, исламофобија, кршење на човековите права, блиски односи со Русија и...

Европа

Блокадата на македонската евро-интеграција се зацврстува, и Македонија мора да наоѓа начини да го одржи ентузијазмот за членство во ЕУ, и со тоа да...

Свет

Либералниот поредок моментално се наоѓа во фаза во која тој за некои мислители прераснува во империјален интерегнум, а за некои во хегемонски интерегнум. Тие...